Апасиев: Промената на името е шверцерски процес – Левица може да го врати

t

Во интервју за „Лазаров поткаст“, лидерот на Левица и пратеник во Собранието Димитар Апасиев зборуваше за промената на Уставното име на Република Македонија и можноста за исправање на историската неправда. Според Апасиев, враќањето на државното име на Македонија е реалност која може да се достигне лесно, поради бројните нерегуларности при спроведувањето на процесот.

Процесот не беше добар, да беше процесот добар, тешко ќе беше да се врати. Да го потпишеше договорот „Преспански“ претседателот, да го потпишеше указот на Законот, да беше успешен референдумот, така ќе беше тешко. Вака на шверцерски процес, шверцерски го враќаме. Тоа е тоа. Тоа е стратегијата. Левица кога ќе дојде на власт, Левица ќе го врати името, Тоа е јасно!

Фантастика е промената, враќањето не е фантастика, враќањето е наука, политика. Они се изгрешија во чекорите, буквално се, цел процес е шверцерски, илегален. Од Римско право до денес „неправото не може да роди право“ и тоа е филозофијата. Ни 120 пратеници не можат да сменат народна волја. Референдумот е појак од уставот.

Референдумот од 1991 не вика за северна Македонија, вика за Македонија. Од тука легален е референдумот и на небо и на земја додека не се промени со нов референдум. Таков немаме. Додека немаме Македонија е легалното име на оваа држава. Северна е дивоградба. Дајте ни власт и да видите како се враќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…

Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…

Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…

Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…