(Видео) Бизнис зделка на Марко Колев и ДПМНЕ: СДСМ – Велес прашува како го делиле преплатеното тракторче на Јавно претпријатие воопшто не е регистрирано дека врши таква дејност

t

Почитувани! Покрај сомнителната јавна набавка на Општина Велес со која се изврши набавка на машина за бележење на хоризонтална сигнализација, а која беше набавена за скандалозни 42 000 евра, Општина Велес влегува во нов скандал.

Машината или популарно нареченото тракторче служи за одбележување на хоризонтална сигнализација во сообраќајот и истата не може да се користи од страна на комунално претпријатие кое нема регистрирана дејност во однос на регулирање и организирање на сообраќајот во нашиот град.

Ова е уште еден доказ дека целата постапка била само бизнис зделка извршена од страна на Марко Колев и ДПМНЕ.

Машината набавена за цена многукратно повисока од реалната цена на чинење ќе стои во некое депо додека Градоначалникот не најде решение како и кој би ја користел.

Имено со одлука на совет оваа машина беше доделена на трајно користење на ЈКП Дервен но Комуналното претпријатие Дервен Велес не е регистрирана да врши таква дејност.

Граѓаните на Велес се оштетени и тука некој конечно треба да сноси одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…

Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…

Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…