СДСМ потврдува дека Заев, Ковачевски и Ахмети ручале четири часа
Екс премиерот Зоран Заев, актуелниот премиер Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ – Али Ахмети денеска се сретнале во Скопје, пренесува „Клан Македонија“.
Според информациите, тие имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат годинава.
Медиумот пренесува дека работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера, но без детали за другите теми за кои се дискутирало.
Инаку, слична средба со работен ручек Заев и Ахмети, се одржа пред една година во Струмица.
Извори од СДСМ за „Бриф.мк“ потврдуваат дека премиерот Димитар Ковачевски, поранешниот премиер Зоран Заев, и лидерот на ДУИ Али Ахмети, се сретнале денеска во Скопје. Тие имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…