Православниот празник Богојавлние – Водици беше одбележан и во областа Шпат од Елбасанска Митрополија
Во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска Митрополија со радост се празнуваше Богојавление – Водици. Божествената Литургија, по повод овој голем православен празник, ја водеше отец Јани Ранџа, свештеник на парохијата. Веднаш после Божествената Литургија, на која беше благословена и водата, свештените и световните лица, заедно се упатија кон Паштрешкото Езеро. Во неговите води беше фрлен светиот Крст, кој го фати младиот Олгерт Хаса.
Областа Шпат, која е под црковна јурисдикција на Елбасанска Митрополија празниците ги празнува според стариот црковен календар т.н. Јулијанскиот календар. Тоа е црковниот календар кој се користи од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и други источни цркви, вклучувајќи ја и Вселенската Патријаршија. Инаку, Албанската Православна Црква се служи со Новиот црковен календар т.е. Грегоринаскиот календар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…