Авион од Британија принудно слета во Португалија поради тепачка меѓу патници

t

Авион на воздухопловната компанија „Ryanair“ кој во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте, морал да слета во Португалија откако се степале седум патници, извести таблоидот Daily Mail.

Наименуван очевидец рекол за весникот дека сите учесници во инцидентот биле Британци, а извор од португалската полиција изјавил дека едно лице е уапсено.

Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјави на сведоци, наведува дека „група мажи пиела и малтретирала некои од патниците“.

Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8,15 часот утрото и требало да слета во 12,15 часот на Ланзароте, шпанскиот остров на северозападот од Африка. Меѓутоа, пренасoчен бил кон аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде што слетал во 10,50 часот по локално време.

На својата интернет страница Daily Mail објави видео на коешто се гледа како четворица полицајци во униформи со присила изведуваат надвор маж кој дава отпор. Некои од патнците го снимаат инцидентот, а некои му посакуваат „довидување“.

Минатиот месец уште три авиона од Обединетото Кралство принудно слетаа во Фаро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени…

Полицијата ширум Франција уапси најмалку 1.800 лица…

73-годишник од Крива Паланка осомничен дека силувал…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…

Рации на над 60 локации низ Македонија,…

По координираната акција изминативе два дена во…

Масовен украински напад со над 1.000 дронови…

Украина започнала масовен воздушен напад врз Русија…

Тројца турски државјани осомничени за обид за…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…