(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно сака да ги излаже и да ги остави без леб вработените во ЈСП, Синдикатите не прифаќаат

t

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје повторно сакаат да ги остават вработените на ЈСП без плата. Откако на првата вонредна седница за денеска не изгласаа субвенции за ЈСП и плати за тамошните вработени, сега сакаат да ги скратат субвенциите и после два месеци повторно да ги остават вработените во ЈСП без плати во изборен период.

Поради огромниот притисок на јавноста и вработените во ЈСП советниците на Мицкоски во Советот на Градот Скопје се вратија на втората вонредна седница на Советот за денеска.

Моментално се одржува нова вонредна седница на која координаторката на советничката група на СДСМ побара пауза од 30 минути за сите советници да можат да се вратат со салата.

Во продолжение изјавата на претставникот на Синдикатот во ЈСП, кој истакна дека Синдикатот нема да прифати намалување на сумата, бидејќи на тој начин вработените во ЈСП после месец март до завршување на изборниот циклус ќе останат без плати.

– На вторава вонредна седница во моментов е дадена пауза за консолидација на советнчките групи. Иницијатрите на втората седница се од левата група, меѓутоа имаме еден амандман од десната група да се изгласаат само 30% од вкупната сума на субвенции за ЈСП. Синдикатите тоа не го прифаќаат и ќе бараме да се донесе целата сума за да немаме никакви проблеми во работењето во 2024 година, затоа што после март месец ниту една одлука нема да биде валидна затоа што ќе бидеме во фаза на избори.

Во фаза на избори не смеат никакви одлуки да се носат додека не се одбере Парламентот и додека не прифункционира Владата. Нашата интенција е и покрај тоа што на вонредни седници не смеат да се поднесуваат амандмани, сакаме да бидеме разумни и да им објасниме на советниците дка субвенциите мораат да се донесат во вкупната сума која е одредена со Буџетот за 2024 година.

Вака со 185 милиони денари имаме плата за два месеци и другите пари од приходот наш и од проста репродукција за просечно живеење на компанијата, истакна од Синдикатот.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават сѐ за…

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека…

Зајкова демантира дека оди во коалиција со…

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова демантира дека…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…

Албанската коалиција „Вреди“ денес на преговори во…

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на…

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја усогласуваат владината програма

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја усогласуваат владината програма,…