Зеленски: Украина и Полска се во состојба да ги решат проблематичните прашања во односите меѓу двете земји
Украина и Полска се во состојба да ги решат проблематичните прашања во односите меѓу двете земји, вклучително и протестите на полските граници, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата во Киев со полскиот премиер Доналд Туск.
меѓу Киев и Варшава се влошија во контекст на граничната блокада на полските возачи на камиони, што претставува закана за економскиот раст на Украина.
-Разговаравме со премиерот дека сите постоечки проблематични прашања можат да се решат на ниво на влади и наскоро ќе почнеме да работиме во оваа насока, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Туск по нивните разговори во украинската престолнина.
Полскиот премиер, пак, изјави дека двете земји се подготвени да ги завршат преговорите за инвестиции во заедничко производство на оружје и муниција. Тој посочи дека Полска и Украина имаат заеднички ставови за настаните на границата кои го попречуваат транспортот на стока.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кампот за мигранти на север во…
Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во…
Ако одите во Грција погледнете го распоредот:…
Возачите од Македонија кои вечерва патуваат кон…
(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв…
Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби…
(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…
Во масовен бран напади со украински беспилотни…
Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…