Агелер: Ги поздравувам сите напори за борба со криминалот и корупцијата
Американската амбасадорка на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје, Ангела Агелер за Радио Слободна Европа вели дека не коментира предлог законски решенија, но ги поздравува и силно поддржува сите напори за истраги на наводните коруптивни криминални активности.
„Ние ги сметаме за одговорни оние кои ја злоупотребуваат јавната доверба за лична корист. Јас претпоставувам дека институционални и законодавни реформи кои ќе ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата ќе бидат добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Македонија“, вели за Радио Слободна Европа амбасадорката Агелер.
Овој коментар дојде по објавата на власта за предлог за законски измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе се санкционираат македонските државјани и фирми кои ќе се најдат на американската и на британската црна листа.
Иако предлогот за измена на Законот за рестриктивни мерки помина на владина седница и покрај правните дилеми што ги посочи Министерството за правда, прашање е дали ќе има време овој собраниски состав да ги изгласа, оти му остануваат уште два месеци пред да почне кампањата за изборите – парламентарни и претседателски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…