Скопјанец превезувал мигранти од Сирија, Непал, Египет и Палестина

t

На 23.01.2024 околу 20.00 часот во близина на с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К.(21) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик. Претходно, кај с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат” кое M.K.  го управувал, но тој продолжил со движење и во близина на Негорци го запрел возилото и се обидел да побегне, по што бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Сирија, еден од Непал, еден од Египет и еден од Палестина.


Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител , против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема полициска акција: Претреси на над 40…

Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

(Видео) Хаос во Сеута: стампедо и предупредувачки…

Хаотични сцени се случувале утрово во шпанската…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…