Професорката Павловска Данева е новиот предлог на СДСМ за уставен судија, откако беше повлечена номинацијата за Љубомир Јовески

t

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“,  Ана Павловска-Данева е новиот предлог на СДСМ за уставен судија, откако вчера на собраниската Комисија за избори и именувања беше повлечен предлогот поранешниот јавен  обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Предлогот за избор на Павловска Данева за уставен судија е на дневен ред на денешната седница на Комисијата. Павловска Данева е и поранешна пратеничка на СДСМ.

„ Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година). Таа е и постојан предавач во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, е наведено во биографијата на Павловска Данева доставена до Собранието.

Павловска Данева автор и коавтор е на 10 универзитетски учебници и неколку монографии и коментари на закони. Во биографијата на Павловска-Данева се вели дека таа поседува одлични менаџерски, комуникациски, организациски и истражувачки вештини стекнати и надградувани во текот на кариерата, особено при работата и координацијата на поголеми (често мултидисциплинарни) тимови во рамките на проекти поддржани од Европската унија, ОБСЕ, СИГМА, УСАИД, Светската банка и слично. Активно ги владее англискиот и рускиот јазик.

За досегашниот кандидат, Љубомир Јоивески, повлекувањето на неговата кандидатураја без никакви објаснувања и основи е вулгарно.

-Се чувствувам повреден, не требаше да ме номинираат ако не беа посветени на завршување на процесот, оставајќи ме ранлив на непотребни критики – изјави Јовески откако вчера СДСМ ја повлече неговата кандидатура да биде избран за судија во Уставен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават сѐ за…

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека…

Макрадули: Во СДСМ во моментов владее клиентелизам,…

Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Битиќи ги демантира сите шпекулации: Останувам во…

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на…