ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри

t

ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, велат СДСМ во партиско соопштение.

– Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје а дел се кадри од времето на Груевски.

Но, ниту еден нема зад себе некаков резултат. Напротив.

Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје а потоа и разрешен.

Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје.  Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.

Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра.

Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник.

Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум за неговиот избор.

Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува.

Трипуновски како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

Почитувани граѓани,

Заклучокот е едноставен: ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.

Бидејќи Мицкоски најави вчера дека работата на техничката Влада планира да биде хорор му порачуваме:

Неговиот обид за хорор ќе биде поразен а на 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ! – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…

Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…