УБИСТВО ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: 18 годишник убил своја соученичка

t

18-годишна девојка денеска е убиена додека била на училиште во местото Сент Леон-Рот во областа Хајделберг во југозападна Германија, соопшти локалната полиција.

Полицијата првично објави дека осомничениот убиец, исто така ученик во училиштето, моментално е во бегство, велејќи дека нема опасност за другите луѓе во училиштето.
Осомничениот убиец, исто така 18-годишник, побегнал од областа, но полицијата го фатила по двоиполчасовна потера, соопштија властите.

Властите се сомневаат дека врската меѓу девојката и осомничениот можеби има улога во убиството. Масовната полициска акција следувала откако бил вклучен алармот во училиштето каде потоа биле испратени бројни полициски возила, спасувачка служба и хеликоптер. Училиштето е евакуирано, а учениците се пренесени на безбедно место, се наведува во полициското соопштение.

Приватното средно училиште во е основано во 1998 година недалеку од градот Хајделберг на иницијатива на родителите. Според податоците од училиштето во него моментно учат 685 ученици, а наставниот кадар го сочинуваат 85 наставници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мирчев го обвини Радев за молк за…

Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев упати остри критики…

Купувањето стан станува недостижно за Европејците

Купувањето сопствен стан станува сè поголем финансиски…

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Израелски министер : „Во Франција веќе започна…

Израелскиот министер за дијаспора и борба против…

Се проширува војната: Египет одобри „секаква неопходна…

Египетскиот Совет за национална одбрана, предводен од…