Германија: Косово да ја преиспита одлуката за воведување на еврото
Германската влада денеска апелираше до Косово да го одложи воведувањето на еврото на северот, додека не се најде одржливо решение, бидејќи тоа е мерка која би имала далекусежни последици за граѓаните, бидејќи голем број од нив зависат од српскиот динар.
Заменик-портпаролката на германската влада, Кристијане Хофман, рече дека тоа е „далекосежен чекор со далекусежни последици за луѓето што живеат на северот“.
Таа посочи дека за тоа е потребна транспарентна и темелна подготовка, како и сеопфатна комуникација во врска со ваквата одлука.
Таа посочи и дека европските и меѓународните партнери треба навремено да се вклучат во ова.
Таа потсети дека голем број граѓани на северот на Косово зависат од српскиот динар, бидејќи платите и пензиите делумно се исплаќаат во динари.
„Затоа, силно апелираме до Косово да го одложи спроведувањето на одлуката додека не се најде одржливо решение“, подвлече Хофман.
Таа ги повика Косово и Србија дека и покрај одреден напредок во дијалогот за нормализација на односите, со посредство на ЕУ, мора да се преземат натамошни чекори.
„Се работи за заедничка, мирна иднина на граѓаните на Косово и Србија. Двете земји сакаат да се приклучат на Европската унија и германската влада има интерес тоа да се случи“, подвлече Хофман.
Истовремено, таа рече дека нема друг начин да се заврши европскиот пат кон Косово и Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…