Песков: Русија гради нов систем на економски врски
Москва работи на подготовка на нов систем на економски врски, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за весникот „Вашингтон пост“.
Како што рече, Русија гради нов систем на економски врски бидејќи претходниот систем се покажа како несигурен, лажен и опасен.
Весникот, пак, во текстот тврди дека Москва наводно има намера да му создаде предизвик на меѓународниот финансиски систем во кој доминираат Соединетите Американски Држави и токму затоа ги зајакнува односите со Кина и глобалниот југ.
Песков ги отфрли тие информации и додаде дека Москва сака само да создаде алтернатива на тој систем.
За потсетување, на оваа тема своевремено зборуваше и рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека сегашниот финансиски систем не може да се нарече идеален, избалансиран и дека одговара на интересите на повеќето земји.
На темата зборуваше и рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, кој истакна дека воведувањето санкции против Москва ја потврдува несигурноста на американскиот финансиски систем, бидејќи Вашингтон на тој начин само се обидува да ги израмни зголемените критики за неуспехот на политиката на Белата куќа.
Тој исто така додаде дека многумина, вклучително и експерти од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, знаат дека не е можно да се уништи руската економија и нејзиниот технолошки суверенитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…