Груевски: На сите Срби им го честитам празникот Свети Сава
На сите мои пријатели Срби и особено на Србите во Македонија им го честитам празникот Свети Сава (1175-1236).
Личност која уште и ја нарекуваат најголемиот патник на српските традиции. Човек на небеските пространства и на земските граници.
Најголемиот српски духовник, просветител и научник.
Убаво е да знаеме зошто Св.Сава е толку значаен за нашите сограѓани Срби.
Тој бил српски принц, монах, игумен на манастирот Студеница, писател, дипломат и прв архиепископ на автокефалната Српска православна црква. Роден е како Растко Немањиќ, најмладиот син на големиот жупан Стефан Немања и брат на Вукан и Стефан Првовенчани.
“Растко”, како што е неговото име пред да се замонаши во рускиот манастир Св.Пантелејмон на Света Гора, имал светла иднина како прв син и иден наследник на владетелот Стефан Немања, кого веќе го подготвувале и обучувале како да владее, до тој степен што на 15 години му преостапиле една помала област да владее со неа и да го усовршува владеењето.
Но, тој веќе во 17. негова година, во 1192 година кога неговите родители веќе размислувале за негова женидба и продолжување на лозата, решава да го следи своето срце и под влијание на некои монаси и љубовта кон духовниот живот одбира друг пат, тој одлучно бега од дома, симулирајки дека оди на лов, бидејќи проценил дека ако побара согласност од родителите, нема да ја добие и заминува и се замонашува на Света Гора во манастирот Св.Пантелејмон каде го добил монашкото име Сава.
Попусти биле залагањата на неговите родители да го разубедат одкако го нашле луѓето кои ги испратил татко му. Наместо тоа, со бројни писма до својот татко и мајката Ана во период од неколку години, тој успеал татко си да го разубеди и тој да го напушти материјалниот свет, срцето да го посвети на Бог и во 1196 година да се замонаши во манастирот Студеница на Света Гора чии ктитор бил самиот тој, препуштајќи ја власта на својот свој најстар син.
Можете да замислите каква неверојатна и несекојдневна приказна биле овие чекори во тоа време и каква жива легенда станал уште на млади години Св.Сава.
Времето сето тоа го претворило во уште поголема легенда.
Од манастирот Св.Пантелејмон преминува во манастирот Ватопет каде според преданието во сонот му доаѓа старец кој го советува дека на Света Гора треба да подигне српски манастир, кое Сава го толкува како порака од анѓел, и во 1198 година заминува кај царот Алексиј трети ангел за да добие согласност за основање на српски манастир кој денес е манастирот Хиландар и кој манастир финасиски се обезбедил со добиен имот од богатството на неговиот татко веќе со монашки име Симеон, кој кратко потоа починал, и за кој Сава напишал житие за Св. Симеон.
Кратко потоа под влијание на некои политички случувања Сава се вратил во Србија каде најпрвин ги помирил своите раскарани за престолот браќа, кои еден со помош на унгарците, друг со помош на Бугарите се бореле помеѓу себе, додека народот страдал.
Потоа Сава повторено се враќа во Св.Гора за да повторно се врати во Србија која е во тешка ситуација каде оди низ земјата и одблиску ги запознава луѓето, подигнува нови цркви, и прави реорганизација на постоечките каде што имало потреба. Почнува неговата дипломатска дејност, го поттикнува образованието, писменоста, уметноста и културата. Ја развива свеста за вистинските вредности на својот народ и станува учител просветител.
Сава патува во Никеја и успева кај Вселенскиот патријарх и никејски цар да издејствува осамостојување на српската црква со статус архиепископија која дотогаш била под Охридската архиепископија.
Подоцна во свечен чин Вселенскиот патријарх Манојло I Цариградски го именувал во прв српски архиепископ во истата просторијата во која 1325 година е одржан првиот вселенски собор.
Следува патување во Солун во манастирот Филокал каде го пишува своето најголемо и најзначајно дело со кое се воспоставува правниот систем на српската црква и држава во меѓусебна хармонија. Многу помогнал финасиски на манастирите и училиштата и од корен ја променил и засилил Србија, го зајакнал и христијанството.
Потоа токму кога Султанот дозволил за христијаните, патувал на сите позначајни свети места од кој е произлезен христијанскиот дух, тргнувајќи од Ерусалим во црквата на христовото воскресение, во Витлеем, се качува на Голгота, Сион, на богородичниот гроб, Галилеја и многу други места, манастири итн.
Купувал и градел цркви. На враќање во Света Гора го пречекале како жива легенда.
По враќањето во Србија и политичките превирања во Србија и регионот, Сава со својот авторитет, вера и способност бил единствен за потфатот за обезбедување благослов кај трите најзначајни патријарши во тоа време (Ерусалимскиот, Александрискиот и Антиохискиот) за добивање самостојност на бугарската црква.
Пред да замине во нови патувања со своја мисија во 1233 година тој абдицира од позицијата архиепископ, се назначува нов архиепископ Арсеније, од кого добива благослов и заминува преку Будва и Италија во Палестина и Ерусалим, па во Александрија, Каиро, манастирот света Катерина во сред пустина Синај, кој имав можност да го посетам во една прилика, па повторно во Ерусалим и во Антијохија, па преку Цариград кон бугарскиот град Трново, тогаш во Бугарското царство, каде е неговото последно патување, и каде по стариот календар на 14 јануар 1236 починал веќе остарен, исцрпен и болен.
Култот на Св.Сава меѓу народот бил силен. По востанието на Србите против Отоманската империја, турскиот командант Синан-паша наредил да се запалат моштите на Свети Сава во Врачар, веројатно во 1594 година, но со тоа само го зголемил култот за него.
Македонија е мултиетничка земја и помал дел од населението се етнички Срби. Во 2007 година со закон предложен од владата, парламентот на Република Македонија одреди 27 Јануар кој по новиот календар е денот на смртта на земјата на Св.Сава да е празник и неработен ден на србите во Македонија, како чин на почит кон српската заедница во Македонија.
Честитајќи го празникот посакувам за оние кои го слават да го поминат во добро здравје и одлично расположение.
Среќен празник!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…