Нова Алтернатива иронично им честита на ДПМНЕ и СДСМ што го направија Џафери премиер

t

Нова Алтернатива иронично им честита на „најголемите македонски“ партии ДПМНЕ и СДСМ за нивниот успех од Талат Џафери да направат човек за сите времиња и за секоја позиција и функција во државата, соопштија од партијата, а соопштението на својот Фејсбук профил го објави и градоначалничката на Град Скопје и лидер на партијата, Данела Арсовска.

– Најпрво ДПМНЕ во 2013 година од Џафери направија министер за одбрана, министер за кој гласаше и Антонио Милошоски кој денеска пак беше најгласен против неговиот избор за технички премиер, иако ДПМНЕ и Мицкоски номинираа за учество во таа иста Влада која Џафери ќе ја предводи и свои министри.

СДСМ од него потоа направија претседател на Собрание, кој ДПМНЕ не го признаваа за потоа да си легнат на брашното нарекувајќи го претседател, кој сега ќе им стане премиер.

Само како трагедија може да окарактеризира ова кое денес се случува во Република Македонија.

Нова Алтернатива е тука да ги потсети граѓаните и да ја истакне дволичноста и лицемерието на корумпираните политички елити во Македонија кои 30 години глумат чувство за идеологија за Македонија, а во исто време си подигруваат и со државата и со македонските национални интереси само за да останат на власт.

Нова Алтернатива е тука за да стави крај на овие корумпирани политички елити и да донесе право и правдата на политичката сцена во Македонија, соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават сѐ за…

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека…

Зајкова демантира дека оди во коалиција со…

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова демантира дека…

Макрадули: Во СДСМ во моментов владее клиентелизам,…

Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…