Се шири големата кашлица – годинава потврдени 7 случаи
Се шири заразната голема кашлица. Според податопците од Институтот за јавно здравје од почетокот на годинава потврдени се 7 случаи. Во моментот поради компликации од силната бактериска инфекција на болничко лекување во клиниката “Козле” е две ипол месечно бебе од Тетово, а на Инфективна е хоспитализиран 60 годишен маж, потврдија од Комисијата за заразни болести. Случаите не се поврзани, но се спроведуваат епидемиолошки анкети. Од Детската клиника “Козле” велат дека новороденчето е стабилно, прима соодветна антибиотска терапија и за сега нема потреба од кислородна подршка. Другите 4 деца со Пертусис кои биле лекувани во Клиниката, по третманот пуштени се дома. Седмиот случај е увезен, станува збор за девојка од Кичево која престојувала во странство.
-Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со појавата на новите случаи. Оваа година вкупно 7 случај со пертусис се регистрирани. И доколку има потреба од дополнителни мерки комисијата тоа ќе го утврди на состанок и ќе ги препорача до министерството за здарвство, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Големата кашлица се докажува со ПЦР тест. Најчест симптом е долгото и силно кашлање кое трае и до 100 дена. Според лекарите бактериската инфекција се лекува со антибиотици, а процесот е долготраен. Освен искашлувањето со секрет кое е интензивно, кај заразените може да се јави и висока температура , малаксаност и болки во мускулите…
-Компликациите можат да бидат во форма на фрактура на ребрата поради силното кашлање или да се појави кила, некогаш се јавуваат и апнеи, а најтешка компликација е страдањето на мозокот поради недоволна количина на кислород, вели д-р Мехмедовиќ.
Зголемен број случаи со голема кашлица се регизтрирани и во повеќе земји во регионот, а во белград е прогласена и епидемија. Поради намалениот опфат со Ди-те –пер во земјава кој падна на 84 отсто за примарната вакцинација, министерот за здравство најави дека Центрите за имунизација ќе ги проверуваат картоните и ќе ги повикуваат невакцинираните деца.
Извор:Сител тв
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се забрани прием на невакцинирани деца?…
Од Комисијата за заразни болести за в…
Се шири големата кашлица – годинава потврдени…
Се шири заразната голема кашлица. Според податопците…
Природен лек против кашлица и болки во…
Ви откриваме одличен рецепт со помош на…
Зошто кашлицата трае подолго од настинката?
Респираторните инфекции во овој период од годината…