Тешка сообраќајна несреќа кај Битола, едно лице загина!
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеса во Битола, едно лице е загинато откако возило кое превезувало вработени се удрило во автомобил.
Според првичните информатии потешко повреден е совозачот на загинатиот, а повредени се и патниците кои биле во комбето.
Од СВР Битола за „Инфомакс“ го потврдија настанот.
– Во 14.57 часот на излезот на Битола према Демир Хисар, кај надвозникот случена е сообраќајна несреќа помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од А.С.(25) од с.Вирово, демирхисарско кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика и патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки управувано од К.Ј.(36) од Битола. Во несреќата на лице место починал совозачот на патничкото возило К.К.(42) од Битола.
Сите 18 патници од комбето и возачот на комбето како и возачот на патничкото моторно возило се пренесени во Клиничка болница Битола за санирање на повредите, велат оттаму.





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…
Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…