Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски искуства во лекување карцином

t

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет професор д-р Светозар Антовиќ и професорката Весна Велиќ Стефановска, раководителка на Институтот за епидемиологија по повод прво воспоставување на национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава.

„За првпат воспоставуваме национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава. Со ова, овозможуваме поврзување со сите релевантни светски бази на податоци. При креирањето на методологијата за работа ги искористивме искуствата на земјите членки на ЕУ и САД. Голема благодарност до Медицинскиот факултет и Институтот за епидемиологија за стручноста и посветеноста во зајакнување на науката сите овие години“, вели Меџити.

Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистрати и докторанди на Факултетите за медицина, стоматологија и фармација. Платформата ќе биде отворена и за здруженијата на пациенти со малигни заболувања и сите други заинтересирани лица и институции.

Остварувањето на оваа иницијатива е од национален интерес и ќе овозможи поврзување со сите релевантни светски бази на податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…

Христовски: Ќе се прави студија како работат…

Во план е студија околу тоа како…

Владата планира да набави 100 амбулантни возила…

Директорот на Службата за општи и заеднички…