Тешко вака до 61 пратеник: Според анкетата на Божиновски, Европскиот блок би имал пратеник повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5!

t

Aнкетите на Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека Европскиот блок ќе освои повеќе пратеници од опозицијата во петтата изборна единица, каде што се наоѓаат Битола и Охрид.

Според објавените резултати за петтата изборна единица, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 19,8 отсто од гласачите, за СДСМ 13,6 отсто, за ДУИ 6,1 отсто, за коалицијата „Европски сојуз за промени“ – 2,1 отсто, за Алијанса за Албанците – 2,8 отсто, за Левица се изјасниле 2,9 отсто и за ЗНАМ – 2 отсто.

Претворено во мандати тоа би значело дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 9 пратеници, СДСМ 6, ДУИ 3, Алијанса за Албанците 1, исто колку и Левица.

Тоа значи дека Европскиот блок, составен од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 10 мандати од петтата изборна единица, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за проневера во службата и…

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното…

Битиќи стави розови очила за читање на…

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата…

Конечно стигна во Кривичен обвинението за пожарот…

Обвинителниот акт за трагичниот пожар во Кочанската…

Се огласи ќерката на загинатиот скопјанец: Се…

Шеесет и осумгодишниот J.Н вчеравечер излегол од…

Левица: Пензионирани пилоти ќе гаснат пожари, пожарникарите…

Пензионираните пожарникари повторно ќе ја спасуваат Македонија…