Албанец и Германка уапсени на Блаце: Со украден мерцедес сакале да ја поминат македонската граница
Вчера, во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(22) од Република Албанија и В.С.(21) од Сојузна Република Германија.
При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.М., а сопатничка била В.С., евидирало во базата на Интерпол како украдено. Тие биле задржани во полициска станица, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Еве како денес изгледа Париз по…
Франција утрово прави преглед на штетите по…
Трагично заврши потрагата по исчезнато лице во…
Трагично заврши потрагата по 87-годишен жител на…
Излезноста во Брвеница до 11 часот е…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…
ВМРО-ДПМНЕ: Барбов покажа дека работи за криминалното…
Дали има нешто во кое не се…
Рама ги обвини Иран и Русија дека…
Албанскиот премиер Еди Рама повика на смиреност…