На повеќе од милион деца во Газа им е потребна здравствена и психолошка поддршка
Детскиот фонд на Обединетите нации УНИЦЕФ денеска соопшти дека проценува дека 17.000 деца во Газа биле оставени без придружба или одвоени од нивните семејства за време на конфликтот, а на речиси сите деца во енклавата им е потребна психолошка поддршка.
„Тие покажуваат симптоми на екстремно високо ниво на анксиозност, губење на апетит. Тие не можат да спијат и имаат емоционални испади или паника секој пат кога ќе слушнат експлозии“, рече Џонатан Крикс, раководител на УНИЦЕФ задолжен за комуникацијата во окупираните палестински територии.
Пред војната, посочи тој, УНИЦЕФ сметаше дека на 500.000 деца веќе им е потребна здравствена и психолошка поддршка во Газа.
„Денес проценуваме дека на речиси сите деца им е потребна таква помош, а тоа е повеќе од милион деца, додаде Крикс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…