СЗО и УНИЦЕФ: Неопходна е вакцинација за заштита на децата од голема кашлица

t

Светската здравствена организација и УНИЦЕФ соопштија дека е неопходна итна вакцинација за да се заштити животот на децата од голема кашлица.

Се додава дека големата кашлица е заразна болест која обично се манифестира како исцрпувачка кашлица и која може да влијае на секого, но е најтешка кај невакцинираните деца под една година.

Во просек, едно од дваесет невакцинирани бебиња кои ќе се заразат развиваат тешки компликации кои можат да доведат дури и до смрт. Адолесцентите и возрасните исто така може да се заразат, но нивните клинички манифестации може да бидат поблаги и затоа да останат недијагностицирани и нетретирани, што придонесува за циркулација на бактерии меѓу популацијата.

Тешката голема кашлица може да се спречи со безбедна и ефикасна вакцина која е достапна ширум светот од 1950-тите и е дел од националните рутински програми за имунизација од 1974 година.

Од клучно значење е сите бебиња да ја примат оваа примарна серија на комбинирана вакцина против голема кашлица, односно вкупно три дози од вакцината до 6-месечна возраст, со цел да се заштитат во периодот кога се најранливи.

Ревакцинацијата против голема кашлица во втората година од животот и пред поаѓање на училиште е важна за зајакнување на имунитетот и спречување на ширење на голема кашлица во заедницата. „Вакцините спасуваат животи. Не одложувајте. Секоја доза е важна“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…

СЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот…

Европа би можела да биде погодена од…

Горештините се закана по јавното здравје и…

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…

СЗО се сомнева дека има повеќе од…

Светската здравствена организација (СЗО) во неделата објави…

„Загрижен сум за обемот и брзината на…

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна…