Мајка од пеколот: До смрт ја претепала 9- годишната ќеркичка, семејството и соседите молчелe

t

Девојчето било пронајдено мртво со модринки и изгореници по телото во Романија, јавуваат тамошните медиуми.

Детето имало лузни од изгореници по телото, кои веднаш алудирале на тоа дека насилството траело веќе некое време, и дека никој не направил ништо за да го спречи.

Соседите им рекле на инспекторите дека често го слушале детето како плаче и вреска од болка. Но, случајот не го пријавиле во полиција.

Мајката на девојчето, која е уапсена и ќе ѝ се суди за убиство, не ѝ кажала ниту збор на полицијата.

Според експертите, деветгодишното девојче во вторникот било тешко претепано пред очите на помалите сестри, на пет и седум години, а утрото се онесвестило, по што нејзиниот вујко повикал брза помош.

За жал, помошта пристигнала предоцна и девојчето починало во својот кревет.

Трагите на диво насилство на телото ги згрозиле дури и обвинителите, но и криминалистичката полиција која излегла на терен.

„Повредите датираат од различни периоди. Не може со сигурност да се утврди. Судскиот вештак ќе утврди. Смртта на малолетничката настапила во куќата, а осомничена за убиството е нејзината мајка, која подолго време го малтретирала детето “, рече обвинителот Овидиу Захарија.

Истрагата открила дека девојчето било долго мачено, а многу луѓе знаеле за ова злосторство, но молчеле. За насилството знаеле вујкото и тетката со кои живеело девојчето, како и соседите.

“Секогаш можеше да се слушне удирање, удирање, плачење. Дури и во 11 навечер”, рекол еден од соседите.

„Им изнајмив стан, но немав поим што се случува, не знам што има со тие девојчиња, од каде се, не ми беше грижа“, вели сопственичката на станот Каталина.

Освен тоа, роднина на девојчето кое го убила нејзината мајка сугерира дека властите требало порано да ги земат сите три девојчиња.

За сестрите сега се грижи државата, а социјалните служби истражуваат дали биле малтретирани на ист начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера…

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…

– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…

Син ја претепал својата 72-годишна мајка

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…