Студентите најавија протест во понеделник

t

Универзитетското студентско собрание на УКИМ за в понеделник во 14.00 часот најави студентски протест. Оттаму велат дека сакаат да го изразат револтот поради неефикасното работење на МОН и доцнењето на стипендиите за постојните и за новите корисници.

„Револтирани и обесправени студенти, време е да ги кренеме своите гласови и обединето да излеземе против неправдите врз нас и против неефикасното работење на Министерството за образование! Универзитетското студентско собрание на УКИМ, ве повикува вам, останатите Универзитетски собранија и сите останати студентски организации, да ни се придружите и достоинствено да излеземе на протест каде ќе ги искажеме горливите маки. Проблемите се многу. Сплотени, ние сме уште повеќе“, се вели во повикот на УСС УКИМ.

На социјалните мрежи се шири повик и за уште еден протест пред МОН в понеделник, поради истите причини, но во различно време, точно напладне.

Повикот за првиот од 12 часот е на „Студентска револуција“, од каде реагираат исто така реагираат поради неисплаќањето на студентските стипендии.

Протестот на студентите доаѓа по реакциите од студентските организации дека стипендиите за постојните и новите корисници доцнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…

Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…

Вработените од Еуроникел го блокираа патот Кавадарци…

Веќе 6 месеци  трае преписката на синдикатот…

Тројца палестински студенти застрелани во Вермонт, еден…

Белец вооружен со пиштол пукал во тројцата…

(Фото) Протест на судската и јавнообвинителска служба,…

Вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот…