7.275 погодени од земјотрсите во Турција добија нови станови од државата
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им ги предаде клучевите од новоизградените домови на граѓаните кои останаа без покрив над главата во разорниот земјотрес пред една година во провинцијата Хатај.
„Денеска во Хатај им делиме клучеви од станови на 7.275 корисници, од кои 6.572 се во нашите провинциски и окружни центри, а 703 се во руралните области“, рече Ердоган, јави Анадолија.
Тој потсети дека земјотресот на 6 февруари 2023 година предизвика големи разурнувања во 11 провинции, 124 окрузи, 7.000 села и населби, а од катастрофата директно беа погодени дури 14 милиони граѓани.
Тој посочи дека турската држава веднаш презела вонредни мерки со сите расположливи ресурси и му пружила помош и поддршка на населението погодено од земјотресот.
„Се надеваме дека ќе преместиме 75.000 домови во целата област погодена од земјотресот во рок од два месеци“, рече Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…