Шкотска стави крај на пијаните граѓани, цените скокаат за 30 отсто!
Во Шкотска минималната цена на алкохолните пијалоци се зголемува за цели 30 отсто.
Властите во Шкотска имаат намера да ја зголемат минималната цена на алкохолните пијалоци како дел од мерките за намалување на бројот на хоспитализации и смртни случаи поврзани со алкохол.
Министрите во Единбург наскоро треба да дадат зелено светло за зголемување од 50 на 65 пени по единица, кое треба да започне од почетокот на мај. Јавното здравство Шкотска (PHS) минатата година објави дека проектот за минимална цена на алкохолот, воведен пред шест години, резултирал со пад од 13,5 отсто на смртните случаи поврзани со алкохол.
Меѓутоа, во последните три години има зголемување на бројот на смртни случаи поради консумирање алкохолни пијалоци за 25 отсто, додека бројот на оние кои користеле помош за откажување од алкохол е намален за 40 отсто во последната деценија.
Според новата одлука, минималната цена на стандардно шише виски во Шкотска ќе порасне од 14 на 18,20 фунти, а вотката на 16,90 фунти, пишува The Guardian, а пренесува Index.
„Повеќе од 20 луѓе неделно во Шкотска умираат од злоупотреба на алкохол, па затоа треба да преземеме акција“, вели Вили Рени, поранешен лидер на шкотските либералдемократи. Дејвид Ричардсон, од синдикатот на трговците на алкохол, не се согласува со него: „Со овие мерки ќе го казниме огромното мнозинство што пијат одговорно“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…