Унгарија се противи на дополнителни санкции против Русија

t

Унгарија се противи на дополнителни санкции против Русија и ќе вложи напори да спречи какви било дополнителни ограничувања на енергетската и нуклеарната соработка, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Сметаме дека политиката на санкции е неуспешна. Затоа, не гледаме смисла да се усвојат нови пакети санкции“, рече Сјајарто по телефонскиот разговор со естонскиот министер за надворешни работи Маргус Чакна, пренесува Тасс.

Тој додаде дека за време на состанокот на амбасадорите на ЕУ минатиот викенд во Брисел, Унгарија јасно ставила до знаење дека „нема да дозволи никакви казнени мерки кои влијаат на енергетскиот сектор и производството на нуклеарна енергија или ги загрозуваат надворешните односи на ЕУ“.

Шефот на унгарската дипломатија потсети дека ЕУ разговара за 13-тиот пакет санкции против Русија и сака да го усвои до втората годишнина од почетокот на конфликтот во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…