Русија долева бензин во огнот: „Режимот на Албин Курти премина во етничко чистење на Србите“
Криминалниот режим на владата на Албин Курти премина на активно етничко чистење на Србите, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги антисрпските чекори на косовските власти.
„Криминалниот режим на премиерот Курти дефинитивно премина на активно антисрпско етничко чистење – прогон на Србите од нивните оригинални територии. На овој начин Приштина се обидува да избегне исполнување на своите обврски, пред сè, формирање на заедница на српски општини“, изјави Захарова.
Според неа, позицијата на Србите на Косово од ден на ден се влошува, а кршењето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН стана „темна рутина“. Нивото на меѓуетнички тензии драстично се зголемува.
Се вршат и незаконски претреси, се одземаат документи и пари, се приведуваат вработени, се измислуваат кривични предмети, изјави Захарова.
Западот, охрабрувајќи го Курти, се обидува да го казни Белград за неговата решеност да го брани националниот суверенитет и правото да води независна политика, како и за неговата решителност да ги зачува пријателските односи со Русија и другите земји кои се надвор од евроатлантската орбита, заклучи портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…