Лога е во Анкара да бара Турција да ја забрза екстрадицијата на Палевски
Дводневната работна посета на Република Турција, министерот за правда во техничката Влада, Кренар Лога ја започна со средба со претседателот на Врховниот касационен суд на Република Турција, Мехмед Акарча и Врховниот јавен обвинител, Бекир Шахан.
Лога, како што соопштуваат од Министерството за правда, е придружуван од претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претседателот на ОЈОГОКК, Ислам Абази, поранешниот претседател на Уставен суд, Сали Мурати и претставници од Министерството за правда.
На средбата биле разменети мислења, искуства и информации за подобро запознавање со судските системи, за положбата, функционирањето и улогата на судската власт, со особен акцент на работата на врховните судови и јавните обвинителства.
Министерот Лога им се заблагодарил на Акарча и Шахин за топлиот прием и гостопримство и посочи дека пријателските односи меѓу двете држави ќе продолжат да се интензивираат и во наредниот период.
-Доследна и предвидлива судска практика е предуслов за владеење на правото и правната сигурност и особено важна за зголемување на довербата на граѓаните во работењето на судскиот систем. Од тие причини, предвидено е зајакнување на соработката која ќе се реализира преку одржување на редовни работни средби, се вели во денешното соопштение од Министерството за правда.
Министерот за правда Лога, претседателот на Врховниот касационен суд на Турција, Акарча и Врховниот јавен обвинител, Шахин се договориле да има размена на посети меѓу институциите од двете држави со цел да стекнат нови знаења и искуства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…