Албански дилер викан „ѓаволот“ раскажува: Го тепав и потоа му отсеков два прста

t

Озлогласениот албански криминалец Селамет Мехметај, кој себеси се нарекува „Ѓаволот“ и тврди дека ги распарчил своите ривали на парчиња, продолжува да се фали со своите подвизи зад решетки.

Мехметај (30) ги објави сликите на социјалните мрежи неколку дена откако добил мобилен телефон што бил прошверцуван во затворот.

Тој беше осуден на четири и пол години затвор во август 2023 година за водење на група за шверц за дрога од повеќе милиони фунти.

Во 2021 година, Мехметај опиша како киднапирал и ги отсекол прстите на ривалот кој му се налутил.

– Го ставив во подрумот од куќата каде што одгледувавме трева, го тепав три пати на ден, не ми даде избор, му отсеков два прста – се пофали Мехметај.
Албанскиот нарко бос водеше две фабрики за канабис скриени во домови во предградие на северен Лондон во кои има илегални имигранти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…

Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…

Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…

Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…

Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…

Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…