Врховниот суд ги ПОТВРДИ затворските казни за убиството на Денис Тот
Врховниот суд информира дека донесе пресуда по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани, информираат од Врховниот суд.
Обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Лефковска беа осудени казна затвор од по 18 години, а третообвинетиот Андреј Костовски на казна затвор во траење од 16 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…
Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…
Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…
Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…
Вечерва ќе се прска против комарци на…
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…
Теле било спасено на Китка, ама директорот…
Навистина е спасено теле во пожарот на…