МВР ги демантира косовските медиуми: Немало обид за атентат на Курти во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи на Македонија реагираше на информациите за наводна закана за косовскиот премиер Албин Курти за време на неговиот престој во Скопје, наведувајќи дека немало обиди за атентат, пренесува „Косово онлајн“.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за „Телеграф Македонија“ навел дека немало обид за убиство на Курти.

Тој истакнал дека полициското обезбедување на Курти било утврдено според правила и протоколи.

„Ве информираме дека при посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Скопје немало обиди за негово убиство. Што се однесува до безбедноста при посетата на премиерот Курти, таа беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки“, вели Ангеловски.

Курти за новинарите по враќањето од Скопје изјави дека таму се чувствува безбедно и покрај заканите „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.

Курти истакна дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје видел голем број полициски сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…