Дачиќ: Добивме ветер во грб, најголем дел од членките на ОН не го признаваат Косово

t

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во интервју за српски „Курир“ оцени дека седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово покажала дека Србија е почитувана на меѓународната сцена, дека нејзините ставови имаат голема резонанца и дека се почитувани, дури и од оние кои најмногу ја поддржуваат Приштина, додека за резолуцијата на Европскиот парламент, која дојде истиот ден, вели дека тоа е „политички памфлет“ кој не обврзува било кој, но дека тоа му дало „горчлив вкус дека Србија е извалкана“.

– Од 193 членки на ОН, само 84 го признаваат Косово, а не 109. Веќе имаме убедливо мнозинство членки во ОН кои не го признаваат Косово. Исто така, за најголемиот број земји во ОН е многу важно да се разговара за Косово во ОН, бидејќи тие се грижат за почитување на меѓународното право, исто како што е важно за Србија. И во таа смисла, оваа седница на Советот за безбедност даде ветер во грб, бидејќи покажавме дека одлуката за Косово и Метохија мора да се носи врз основа на права, а не врз основа на нечија политичка и воена сила. Оние кои го признаваат Косово не се среќни поради тоа, но и не можат да спречат за Косово да се зборува на јазикот на фактите, вели Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Се урна воен авион на Војската на…

Во близина на населените места Нова и…

(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…

Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…

Новиот состав на српското Собрание денеска на…

Конститутивната седница на новиот состав на Собранието…

19-годишен Македонец уапсен на српско-хрватската граница: ПРЕД…

Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен на српско-хрватската…