Османи за израелската операција во Рафах: Цивилите да бидат целосно заштитени, борбата против Хамас не го исклучува меѓународното право!

t

Министерот за надворешни работи на Република Македонија повика на итно враќање на преговорите меѓу Израел и Хамас за ставање крај на војната.

– Длабоко загрижен за најавеното проширување на воената операција кон пограничниот град Рафах, каде засолниште нашле над 1.3 милиони граѓани на Газа.

Ова може да доведе до хуманитарна катастрофа, имајќи го предвид фактот што поради затворената граница со Египет натамошното упатување кон југ е невозможно.

Борбата против Хамас не го исклучува почитувањето на меѓународното и хуманитарно право. Цивилите треба да бидат целосно заштитени.

Како Министер за Надворешни Работи повикувам на итно враќање на преговорите, со што би се овозможило ослободување на заложниците и отворил патот кон изнаоѓање одржлив мир. – напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…