Toшковски ги излажа граѓаните: Вети дека возачките ќе важат и после 12-ти февруари, а сега МВР најави дека ќе фрштат казни за Северна!

t

Министерот за внатрешни работи, кадар на Христијан Мицкоски, Панче Тошковски ги излажа граѓаните дека возачките без Северна ќе важат и после 12 февруари, денес МВР им соопшти на граѓаните дека ќе добијат казни доколку немаат возачки со новото име.

-Панче Тошковски пред 3 дена објавил дека важат возачките, за денес МВР да пушти соопштение дека не важат, пишува на Фејсбук генералниот секретар на Левица, Јована Мојсовска.

Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, информираа денес од Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.

Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

Согласно законот, парична казна предвидува дека за истечената возачка дозвола до 6 месеци изнесува од 6 до 20 илјади денари, а за подолго од тој период, од 15 до 30.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…