Бајден побара од Нетанјаху гаранции за безбедноста на населението во Рафа
Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не презема воена операција во Рафа „без сигурен и остварлив план“ за заштита на населението во тој град, објави Белата куќа.
– Во телефонскиот разговор со Нетанјаху, Бајден истакна дека воената операција во Рафа не треба да се одвива без сигурен и остварлив план, кој гарантира безбедност на повеќе од милион луѓе, кои нашле засолниште таму, соопшти Белата куќа.
Претходно Нетанјаху наведе дека израелската армија пред нападот врз Рафа ќе обезбеди „безбеден премин за цивилното население“.
И покрај предупредувањата од меѓународната заедница за потенцијално крвопролевање во градот, каде што се засолниле повеќе од милион раселени Палестинци, Нетанјаху тврди дека претстојната офанзива е клучна за уништување на палестинското движење Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…