Поскапуваат горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,32% во однос на одлуката од 5.2.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,514%, кај дизелот за 1,750%, кај екстра лесното масло има намалување за 1,421% и кај мазутот намалувањето е за 2,590%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,531%
Од 13.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,620 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пад на цените на нафтата на…
Цените на нафтата паднаа под 76 долари…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…
Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…