Туск: Трамп донекаде е во право

t

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е во право за изјавата дека НАТО нема да ги брани членките кои го отежнуваат финансирањето, „бидејќи Европа не смее да се потпира на добрата волја на САД да ја брани, затоа што тоа порано или подоцна ќе заврши со катастрофа“.

– Често сум се спротивставувал на Доналд Трамп, но мора да признаеме дека тој е во право. Ако Европа не почне вистински да се грижи за својата безбедност во поголема мера, ако ја оставиме безбедноста на Европа само на добрата волја и подготвеноста на САД да ја брани, тогаш порано или подоцна тоа ќе заврши со катастрофа, истакна Туск/

Тој додаде дека Европа мора да стане свесна дека е неодржливо да биде економски и цивилизациски џин, а кога станува збор за одбраната да биде џуџе.

– Светот се промени. Денес сите ја гледаме оската на Русија, Кина, Иран, Северна Кореја, која донекаде не потсетува на времето на Студената војна. Како земја на граница со фронтот, мораме да ги разбудиме политичарите и општествата во Европа, да ја сфатат заедничката одбранбена политика како заедничка инвестиција. Европските пари мора да одат и во одбрана, наведе Туск.

Трамп синоќа изјави дека ќе ја охрабри Русија во случај да нападне членка на НАТО, која не ги плаќа своите сметки во Алијансата.

На неговата изјава реагираа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува безбедноста на сите нас, вклучително и на САД, и ги изложува американските и европските војници на зголемен ризик, наведе Столтенберг

Во меѓувреме, на изјавата на Трамп реагираше и претседателот на Европски совет, Шарл Мишел.

– Трансатлантската алијанса ја поддржува безбедноста и просперитетот на Американците, Канаѓаните и Европејците веќе 75 години. Невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО од членот пет им служат само на интересите на Путин и не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот, напиша Мишел на мрежата Икс.

Тој додаде дека невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО се во корист на рускиот претседател Владимир Путин и „не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот“.

Трамп е фаворит за републикански претседателски кандидат на изборите што се закажани во ноември.

Според членот пет од Повелбата на НАТО, членките се обврзуваат да ја бранат секоја нација во блокот што е нападната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП ДОБИ „НЕ“ ОД КАНАДА: Пропаднаа трговските…

Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа,…

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу…

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин…

Допирал тинејџерка додека одела пеш, па избегал…

На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници…

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово…

во од енергетската ситуација и оценувајќи дека…

Лице палело гуми во двор, пожарот се…

Шумски пожар избувна во близина на делчевското…