Пленковиќ сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, a на времето тој самиот не одслужил
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, но во 1998 година, за време на Татковинската војна, се „извадил“ да не оди во војска, пишува хрватскиот портал Индекс.
Актуелниот премиер наполнил 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет. Тогаш во Хрватска не било лесно да го избегне воениот рок, како подоцна, со повикување на совеста. Пленковиќ сепак успеал да се „извади“ на вродена т.н медитеранска анемија, односно мала таласемија.
Малата таласемија е честа појава во овие области, особено во Далмација, а луѓето со оваа дијагноза често немаат изразени нарушувања, односно немаат значителна анемија.
Мајката на Пленковиќ била лекарка, интернист кардиолог и работела во воената болница. Така Пленковиќ успеала да се „спаси“ од војска во пресрет на војната.
Кога Хрватска била најзагрозена, Пленковиќ воопшто не се интересирал за војската, ниту пак бил подготвен на тој начин да ѝ помогне на земјата. Човекот кој никогаш не служел војска сега им држи лекции на младите за вештини кои никогаш не ги стекнал, пишува Индекс.
„Ние во Хрватска го суспендиравме воениот рок повеќе од 15 години. Имате генерации млади луѓе кои не знаат ништо за одредени вештини во променети околности. Ова не е обид да се воведе задолжителен воен рок како во минатото, туку во овие безбедносни околности решивме да побараме од министерката Анушиќ да ни анализира неколку опции. Нема да спиеме и да се правиме дека се е супер, а кризни жаришта околу нас има колку сакаш“, рекол Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…