Захарова ја поздрави одлуката на Србија да не воведе санкции против Русија

t

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја поздрави одлуката на Србија да не се приклучи кон санкциите на Европската Унија против Русија поради војната во Украина. Таа оцени дека ставот на Белград предизвикува незадоволство во Брисел.

„Србија не се приклучува кон антируските санкции бидејќи не сака да ја предаде земјата која отсекогаш се залагала за српските интереси. Неподготвеноста на Србија да го следи патот на Европската Унија предизвикува незадоволство во Брисел, а понекогаш дури и агресивност“, изјави Захарова во објава на официјалниот профил на руското министерство на Икс, пренесе српски „Мондо“.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Белград ја осуди инвазијата и ја поддржа територијалната целовитост на Украина. Србија гласаше и за повеќе резолуции на Обединетите нации со кои се осудува руската инвазија. Во исто време, Белград не се приклучи кон санкциите што Европската Унија ги воведе против Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова ја поздрави одлуката на Србија да…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна…

Руте утре ќе ја посети Полска, на…

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте утре…

Вучиќ: Се плашам за иднината на Србија,…

Шефот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…

Ќе се ограничат ли маржите на основните…

Владата размислува за ограничување на маржите на…