Кралот Чарлс Трети се врати дома, таму ќе продолжи со лекувањето
Британскиот крал Чарлс Трети се врати во Лондон од кралската резиденција во Сандрингем, во областа Норфолк. Во британската престолнина се очекува тој да продолжи со лекувањето против ракот што му беше дијагностициран на почетокот на овој месец, јави ДПА.
Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила патувале со хеликоптер од Сандрингем и по пристигнувањето во Лондон биле однесени до „Кларенс Хаус“, кралската резиденција во центарот на главниот град.
На патот кон „Кларенс Хаус“, монархот им мавтал на обожавателите од автомобилот.
Минатата недела беше објавено дека Кралот Чарлс Трети има рак, без да се прецизира за каква форма на рак се работи, а во текот на викендот тој во изјава ги пофали сите организации кои ги поддржуваат болните од рак.
Дијагнозата на кралот Чарлс Трети дојде откако монархот помина три ноќи во приватна болница во Лондон каде беше подложен на операција поради зголемена простата. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеници на Алијансата за иднината на Косово…
во од енергетската ситуација и оценувајќи дека…
Лице палело гуми во двор, пожарот се…
Шумски пожар избувна во близина на делчевското…
Пијан скопјанец ги претепал мајка си и…
На 22.08.2026 во 15:15 часот во скопско,…
Можна средба Путин – Трамп наскоро во…
Доколку рускиот претседател Владимир Путин и американскиот…
Пукање во Арачиново, двајца повредени
Две лица се повредени при пукање кое…