„Вашингтон пост“: САД и партнерите од Блискиот Исток подготвуваат мировен договор
САД и неколку блискоисточни партнери подготвуваат детален план за сеопфатен мировен договор меѓу Израел и Палестинците, кој вклучува „цврста временска рамка“ за формирање на палестинска држава, пишува Вашингтон пост, наведувајќи дека повеќе детали би можеле да се знаат во следните неколку недели.
Итноста на напорите е директно поврзана со предложениот прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас во Газа, со кои преговараа САД, Катар и Египет.
Во извештајот, во кој се цитирани американски и арапски претставници, се вели дека клучот за планот и неговото објавување ќе биде постигнувањето на првично примирје меѓу Израел и Хамас.
За време на оваа пауза, која би траела најмалку шест недели, САД планираат да го објават извештајот, да преземат првични чекори кон негова имплементација, вклучително и формирање на привремена палестинска влада и да се обидат да добијат дополнителна поддршка за овој потег.
„Договорот за заложниците е клучен“, рече еден американски функционер.
Сепак, во извештајот се вели дека не е јасно дали Израел ќе се согласи на таков потег.
Предложениот план вклучува чекори кои претходно ги отфрли Израел и веројатно нема да бидат одобрени од сегашната влада, вклучително и евакуација на многу населени места на Западниот Брег и палестинската престолнина Источен Ерусалим.
И покрај тоа што Египет, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и палестинските претставници, покрај САД, работат на постигнување договор, постојат стравувања дека најавениот израелски напад врз Рафах ќе ја забрза кризата во Газа и ќе ги поткопа напорите за долгорочен мир, наведува „Вашингтон пост“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…