(Видео) Советничка од Карпош не знае да наброи пет улици без „Гугл мапс“?

t

Советот на општина Карпош изобилува со бисери. Независната советничка Невена Георгиевска запрашана од својата колешка да наброи пет улици во Карпош, вели: „Не сте ми учителка да ме прозивате. Инаку, знам пет улици затоа што вчера со Гугл мап одев до градинката Мајски Цвет“.
Не само што не наброја пет улици, туку без срам вели дека како жител на Карпош 4 до градинката во Тафталиџе 1 одела со Гугл мап. Е народе, народе, кого си избрал да те претставува. Колку е со граѓаните, говори фактот што 23 години живее во Карпош 4, а не знае каде се наоѓа градинката во Тафталиџе 1.


Независната советничка две ипол години е советничка, а не знае основни работи.
Истата загрижена дека новите куќи кои се граделе во Бардовци ќе ги полнеле базените со водата со која требало да се наводнуваат зелките. Леле, леле! Кутрата советничка колку се загрижила? Каков резон, а појма нема дека Бардовци зелката ја наводнуваат со јаз од Лепенец. Тој јаз напролет го чистат сите работници од општинските хигиеничари. Покрај тоа, општината плаќа еден работник цела пролет и лето да го одржува овој канал за наводнување. Каква легенда!!!
Незнаејќи како повеќе да се инати, да се противи и да дава критики заради критика, соочена со аргументите од градоначалникот останува без идеја за критика. Друга советничка по професија доктор и препорачува „Билобил“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…

Поради дефект денеска без вода ќе останат…

Старица ограбена во Карпош

На 11.06.2024 во 17:50 часот во СВР…

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…

Ограбена аптека во Карпош

На 20.03.2024 околу 21.05 часот во СВР…

Советот на Општина Карпош ја усвои завршната…

Во рамки на 45. седница, членовите на…