Костовски: Сигурен сум дека кандидатот на СДСМ ќе биде идниот претседател на државата
СДСМ како носител на извршната власт има во интерес изборниот процес да понмине во крајно демократски амбиент и демократски услови, зашто не сакаме да се фрли дамка на изборниот циклус на редовните парламентарни избори и претседателските избори, кои се одржуваат по 5 години, истакна синоќа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Мартин Костовски, во емисијата „24 Анализа“.
Костовски додаде дека увертира е со формирањето на техничката влада, во комисијата за избори и именувања се откочи процесот за избор на новиот член на ДИК, кој на следната пленарна седница треба да биде избран со 2/3 мнозинство.
-Во интерес е на државата како членка на НАТО алијансата, како држава која преферира да започне преговори ден поскоро и во сите нас кои сме демократи по убедување, борци за една поинаква Македонија, сакаме да нема ниту една дамка на изборите, рече Костовски.
Костовски истакна дека СДСМ е во постапка на именување кандидат за претседателските избори.
-Имаме голем кадровски потенцијал, што е наша среќа и наше богатство Предложени се голем дел имиња, од поранешни претседатели на партии, поранешни претседатели на државата, поранешни генерални секретари, истакнати современици во општеството. Јас едно можам да кажам сигурен сум дека кандидатот на СДСМ ќе биде личност, којашто ќе биде идниот претседател на државата, порача Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…