ДПМНЕ шверцерски носи план за зграда од 65 метри во Ѓорче Петров!
Ќе речеш големи домаќини, а тие да ти биле „шверцери“
Ретко кога Совет на било која општина закажува седница во сабота, освен ако не се работи за итна, вонредна седница. Советот на Општина Ѓорче Петров очигледно го смета за итно донесувањето на деталниот урбанистички план со кој се предвидува изградба на зграда со висина од 65 метри, односно согласно прописите за градба тоа би била 26-катница.
Зградата треба да се наоѓа во близина на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“.

Конкретниот ДУП не наидува на поддршка од жителите на населбата, па затоа локалната власт се сетила да го носи за време на викенд, без претходна јавна најава, далеку од очите на јавноста очекувајќи дека целиот процес ќе мине без никакви реакции. Дополнително, нема пренос во живо од Седницата на Советот за граѓаните да можат да ги слушнат аргументите за и против носење на спорниот ДУП.

И сето ова не би било проблем доколку ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка партија во општината Ѓорче Петров, со градоначалник од своите редови и мнозинство во Советот, не беше лицемерно и во оваа како и во многу останати ситуации.
Додека во Ѓорче Петров крајно шверцерски не носи ДУП за изградба на 26-катница висока 65 метри, советниците од истата партија во Карпош спречуваат носење на било каков ДУП, дури и за плановите кадешто се предвидени само куќи, без ниту една зграда. Во Карпош со сите сили се спречува изградба на 17-катница, додека во Ѓорче шверцерски, без јавен пренос на седницата и без претходна најава, во сабота наутро се протуркува план за зграда од 26 ката!
Двојни аршини, но самите претпоставете зошто. И запрашајте се дали можеби некој тука „лапнал бајадера“ за вака шверцерски да го носи овој план?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…
Денеска се одржа седница на Комисијата за…
Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена…
Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за…
Тренчевска: Без грам чувство за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ…
Пратеничката на СДСМ остро реагираше за однесувањето…
Задолжувања, инфлација, хаос: За првпат имаме полош…
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски –…
Филипче: Подадов рака за вистински реформи во…
Правдата беше едно од клучните ветувања на…