„Волстрит журнал“: САД подготвуваат нова пратка оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да испрати авионски бомби и друго оружје во Израел за да го зајакне воениот арсенал на таа држава, иако САД се залагаат за прекин на огнот во Газа.
Според Волстрит џурнал, предложената пратка вклучува околу илјада бомби MK-82, и комплети за наведување JDAM за да се направи муницијата попрецизна, пакет што се проценува дека вреди десетици милиони долари.
„Предложената испорака се уште се разгледува внатрешно од официјални лица, а деталите за предлогот би можеле да се променат пред администрацијата да го извести конгресниот комитет одговорен за одобрување на трансферот“, пишува весникот, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски функционери.
Во извештајот се наведува и проценката на предлогот на американската амбасада во Ерусалим, во која се вели дека израелската влада бара „брзо стекнување на тие средства за да го одбрани Израел од тековните и новите регионални закани“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…
Иран: Трамп лаже, штетата врз нашиот главен…
Иран тврди дека нападот на американските сили…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…