Спасовски: МВР започнува реконструкцијата на Центарот за обука во Идризово

t

Започнува реконструкцијата на Центарот за обука во Идризово, информираше на Фејсбук поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Денеска во Струга бев информиран од страна на другарот Бочварски дека Министерството за транспорт и врски издаде решение за отпочнување на реконструкција на Центарот за обука во Идризово.

Оваа реконструкција ја најавуваме изминатиов период како една од најкрупните и најважните на МВР – целосна реконструкција на два павиљона за сместување, управна и школска зграда и ресторан, заедно со придружни содржини, и пистата за постројување на кандидати.

Градежните активности се во вредност од 184.838.711 денари обезбедени од Буџетот на МВР.

Нека е со среќа! – напиша Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…