Руски новинар бара интервју со Бајден
Генералниот директор на медиумската група „Росија Севодња“ Дмитриј Кисељов изјави дека испратил барање до Белата куќа за интервју со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Кисељов на телевизија „Русија 1“ навел дека барањето за интервју со Бајден го испратил за да продолжи дијалогот меѓу земјите откако американскиот новинар Такер Карлсон неодамна спроведе интервју со рускиот претседател Владимир Путин.
„Сметаме дека нашите земји немаат можност да се слушаат и да се слушнат, а веруваме дека Путин даде достоен пример со тоа што се согласи на интервју наменето за американскиот гледач“, истакнал Кисељов, пренесува РИА Новости.
„Апсолутно е неопходно добриот американски претседател Бајден да одговори на сето ова. Најдобрата и најефективната опција за Белата куќа би било интервју еден на еден со руски новинар. Чекам одговор“, додава тој.
Ноќта на 9 февруари, американскиот новинар Такер Карлсон објави двочасовно интервју со Путин на неговата веб-страница и на различни платформи. Интервјуто е прегледано повеќе од 200 милиони пати само на социјалната мрежа Х.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…
ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува светскиот економски…
Вештачката интелигенција во 2026 година за првпат…
Трамп го смени шефот за сајбер-безбедност по…
Директорот за национална сајбер-безбедност на Белата куќа,…
Денес се празнува Светиот маченик Јерон со…
Роден е во градот Тијана кападокиска од…
(Видео) Полска ја активира противвоздушната одбрана по…
Полските вооружени сили ја зголемија готовноста на…