Македонец претепан до смрт во Есен, Германија – ова се деталите
Македонец на возраст од 32 години бил убиен во германскиот град Есен. Тој бил претепан до смрт по расправија со двајца Еритрејци.
Кавгата се претворила во тепчака во која, македонскиот државјанин бил удиран со тап предмет објавија германската полиција .
Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.
Според соопштението на полицијата 32-годишниот Македонец починал во болница како последица на повредите.
Во рамки на истрагата, потврден е сомнежот против еден од двајцата осомничени лица. На барање на јавното обвинителство во Есен, тој е изведен пред судија кој му одредил притвор за убиство од небрежност. Второто лице кое учествувало во нападот е пуштено на слобода.
Обвинителството во есен го истражува случајот. Нема детали што била причината за расправијата која доведе до смрт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…